Едноставна. Безбедна.
Сигурна комуникација.
Со WhatsApp, ќе добиеш брзи, едноставни, безбедни пораки и повици бесплатно*, достапен на телефони низ целиот свет.
WhatsApp исто може да помогне и на средни и големи бизниси да понудат корисничка поддршка и достават важни известувања до своите муштерии. Дознај повеќе за WhatsApp Business API.
Шифрирање крај-до-крај
Безбедност по дифолт
Дел од твоите најинтимни моменти се споделуваат преку WhatsApp, и затоа вградивме шифрирање крај-до-крај во најновата верзија на нашата апликација. Кога се шифрирани крај-до-крај, твоите пораки и повици се безбедни и само ти и личноста со која комуницираш можете да ги прочитате или слушате, и никој друг помеѓу, дури ни WhatsApp.